Начинот на кој Vaughn го преставува светот без мажи - со толку емоција, страст, реалност е нешто што ретко го имам видено во книги а во стрипови мислам и дека го немало досега. Испреплетувањето во приказната на сексот, религијата, политиката и филозофските дилеми од типот на зошто см
е тука и дали има некаква цел нашето постоење го прави перфектно, брилијантно.
Yorick не е супер херој. Тој е обичен човек. Ранлив, со чувства, сака да сака и да биде сакан. На моменти наивен, со самото тоа што е последниот маж на земјата е втурнат во политичка и религиозна мрежа на замки, уценувања и насилство. Прогонуван е од hardcore крилото во Израелската војска, како и од Амазонките - група на жени кои гледаат на умирањето на сите мажи како на благослов. Да биде уште поинтересно, сестрата на Yorick, Hero Brown е една од Сестрите на Амазон. Ох, за малку ќе заборавев - овие жени ја сечат својата десна града. За да стрелаат подобро со лак и стрела. Нормално.

Y е ремек дело , бисер на стрип индустријата. Watchmen на нашата генерација со тоа што Vaughn е многу подобар раскажувач од Moore. Y The Last Man се чита лесно, а cliffhanger-от на крајот на секој број ве остава да молите за уште. Must read за секој кој се смета љубител на стриповската, па и уметноста општо.
1 коментар:
Никако да го дочитам ова чудо. Све ми е собрано...
Објави коментар