понеделник, март 31, 2008

Кафе? Да благодарам

Како да имав доволно време па уште и ноќта од сабота накај недела ми украдоа еден час. Наместо 02:00 било 03:00. Работа,Факултет, Warhammer 40k, земав да листам Fables, гледам Wolf's Rain, ми седат трите дела од The Dark Tower у рафт веќе два месеца, а сложувалката од 2000 парчиња добива два- три часа редење секоја недела максимум. Каде се тука ноќните шетњи, гага кафето, да не ни почнувам со прекрасните досадни муабети каде по цели ноќи се збореше за тоа дали има или нема вонземјани. Ех, како ми недостига тоа време кога имаше време за се. Сега, останува само да се одзима од сонот за денот да стане подолг. Веќе ни сам не знам дали е тоа од несоница или од клукањето со кофеин за да можам да ги извршам сите мои обврски (да не отварам уста за тоа колку спијам кога имам колоквиуми и испити). Да биде уште поинтересно се пријавив за 7 дена free trial на LOTRO. Некако ме копкаше што направиле со светот на Толкин а и плус имав многу слободно време :).
п.с. Трети ден по Дајмонд, 27 ден без цигари. Сега за сега иде добро, со Господ напред се надевам ќе иде така уште долго време.

сабота, март 29, 2008

Mix it Up Samurai Style

Конечно го догледав Samurai Champloo и имам само пофални зборови за серијата. Квалитетот на цртање, гласовите, музиката, начинот на кој се измешани акцијата, благата еротика, насилството, комичните сцени... Се е совршено вклопено во ова забавно аниме.
Се разбира, целта на Champloo е забавата, токму поради тоа и не чудат смешните епизоди како епизодата кога Mugen учи да чита на пример, или анахронизмите од типот на епизодата кога играат бејзбол. Од време на време серијата добиваше на интензитет, посебно би ги издвоил трите последни епизоди кои беа некако... посериозни од остатокот на серијата. Единствени минуси би биле прелабавата приказна (девојка по име Fuu (типка која во секоја втора епизода ќе биде најмена/присилена да биде проститутка) го бара самурајот што мириса на сончоглед со помош на Mugen (болна будалетинка со црна дупка во стомакот) и Jin (типче кое изгледа на хомосексуалец но не е) и двајцата badass motherfuckerи со мечовите) и тоа што немаше англиска синхронизација туку морав да читам subtitles. Не знам, некако се навикнав да ја гледам акцијата на екранот, читањето некако ми одзема од концентранцијата. И, Mugen ми беше омилениот лик. Дефинитивно.
Конечна оценка за серијата - одлично предјадење за главниот оброк - Wolf's Rain.

петок, март 28, 2008

Windows XP SP2 > Windows Vista SP1

По најавите од Били и компанија дека прават "големи" промени и закрпи на Windows Vista , пред се во сигурноста и стабилноста на системот, сите можни reviews плукаат по Vista SP1 а споредбите со SP2 na XP-то се уште попоразителни. Сите игри вадат подобар framerate на XP SP2, а и самиот систем е постабилен и побрз. Едноставно - Microsoft направи огромна грешка со Vista посебно во време кога Linux добива се поголем замав (и самиот би ставил ама некако ме чеша лева рака за игрите кои чат пат ги играм). Се надевам дека барем нема да го зезнат XP SP3. Не за друго, него ќе морам да викам пингвини на гости да ми инсталираат Ubuntu 7.10 :)

четврток, март 27, 2008

All unbelievers must burn

Ок, мислев дека по Blood Ravens нема да видам пофанатична багра на психопатски убијци во името на God-Emperor of Mankind. Ете, со новата експанзија на Warhammer 40k Dawn of War под името Soulstorm се покажа дека не само што имало пофанатична багра, туку оваа багра е толку пофанатична што смета дека и Blood Ravens треба да се исчистат со "светиот оган". Да, зборувам за новата раса (една од двете, но најинтересното нешто кај другата раса, Dark Eldar е измачуваниот роб кој кенка цело време) под името Sisters of Battle. Играте со една нивна фракција (како што Blood Ravens беа дел од Space Marines) под името Order of the Sacred Rose.
Приказната во оваа најнова, трета по ред експанзија се врти околу четири планети и три месечини расцепкани на неколку десетици територии кои треба да бидат освоени и даваат одредени предности кога ќе ги освоите (forward bases, побрзо собирање на ресурси, додатни почетни единици итн). Звучи познато? Ако на тоа додадете слична графика (има некои подобрувања, но тие се минимални), па дури и комплетно ист систем на освојување на истите strategic points, градење на listening posts итн итн...
Едноставно играта премногу потсетува на Dark Crusade. Подобро име би и било Dark Crusade 2.5 отколку да се смета како посебна нова експанзија. Главните разлики би биле во некаква лабава приказна која се врти околу гореспомнатите четири планети кон кои се ближи Warp Storm (оттаму и името, нали) па никоја од расите не може да го напушти системот, и во духот на Warhammer универзумот се впуштаат во бескомпромисно уништување на другите раси кои ја имале таа (не)среќа да бидат во истиот систем со нив. Поради Warp Storm-от патувањето од планета до планета се одвива преку огромните Ancient Gates што е истовремено и мана и предност на играта. Од една страна, ве приморува да отидете на сите планети и месечини за да дојдете до последната планета и да ја уништите последната база на другите раси за да дојдете до победа со што се избегнува минусот на Emperror Battle for Dune каде можеше да се заврши играта за некои два часа со избегнување на повеќето територии и директен напад на главните градови, но од друга страна преставува голем pain in the ass кога иако лесно можете да нападнете некоја база морате прво да ја освоите територијата со Ancient Gate за воопшто да стигнете таму.
Играва нема ништо ново, освен тоа што веќе постоечкиот универзум на крвопролевање, насилство и религиозен фанатизам од четириесеттиот век го проширува со уште две раси. Има и некакви летечки единици, но и да ги немаше никој немаше да осети некаква разлика. И двете раси имаат некаков нов систем на собирање на Faith кај Sisters of Battle и Soul Essence кај Dark Eldar кој па потоа се искористува за нивните special abilities но со оглед на тоа што и во Dark Crusade имаше единици со special abilities а не требаше никаков посебен ресурс за да се употребуваат, ова изгледа на додатно непотребно комплицирање на играта. И да, играта е значително потешка дури и на easy нивото од нејзиниот претходник.
Се на се, играва ми го направи меракот. Забавна е, нема некои значителни bug-ови, а гласовите кои повикуваат на палење на неверниците и убивање на "еретиците,мутантите и вонземјаните" навистина прават адреналинот да се качува на високо ниво. Едвај чекам потполно нова игра со се надевам нов engine и нова графика. Дотогаш останува да запалам уште некој Necron...Blood Raven...Eldar... :)

понеделник, март 24, 2008

Watchmen на нашата генерација

Y The Last Man е еден од стриповите околу кој се креваше прашина во последниве неколку години. Лимитирана серија, 60 броја, Vertigo. Писател - Brian K. Vaughn. Приказната - сите мажи во светот умираат во рок од неколку секунди од непознати причини. Но, поморот на мажите не сопира таму - се што поседува Y хромозом, дури и смрзнатата сперма во лабарaториите е мртво. Бидејќи живееме во машки свет, авионите паѓаат од небото, бродовите престануваат да пловат сред океанот, а огромен дел од патиштата ширум светот се блокирани од коли полни со машки трупови. Во Русија се случува нуклеарна катастрофа слична на Чернобил. Голем дел од жените извршуваат самоубиство. Крв и машки трупови го покриваат асфалтот на главните градови. Единствениот преживеан маж е Yorick Brown од Њу Јорк, кој заедно со своето (машко) мајмунче Ampersand тргнува кон Австралија за да ја запроси својата девојка Beth Deville за која ни самиот не знае дали сеуште е жива. За неговата безбедност е задолжена мистериозната агентка под кодно име 355, а со нив патува и докторката Allison Mann која сака да ја открие причината за поморот и уште поважно зошто баш Yorick и неговото мајмунче го преживеале.
Начинот на кој Vaughn го преставува светот без мажи - со толку емоција, страст, реалност е нешто што ретко го имам видено во книги а во стрипови мислам и дека го немало досега. Испреплетувањето во приказната на сексот, религијата, политиката и филозофските дилеми од типот на зошто сме тука и дали има некаква цел нашето постоење го прави перфектно, брилијантно.
Yorick не е супер херој. Тој е обичен човек. Ранлив, со чувства, сака да сака и да биде сакан. На моменти наивен, со самото тоа што е последниот маж на земјата е втурнат во политичка и религиозна мрежа на замки, уценувања и насилство. Прогонуван е од hardcore крилото во Израелската војска, како и од Амазонките - група на жени кои гледаат на умирањето на сите мажи како на благослов. Да биде уште поинтересно, сестрата на Yorick, Hero Brown е една од Сестрите на Амазон. Ох, за малку ќе заборавев - овие жени ја сечат својата десна града. За да стрелаат подобро со лак и стрела. Нормално.
Y е ремек дело , бисер на стрип индустријата. Watchmen на нашата генерација со тоа што Vaughn е многу подобар раскажувач од Moore. Y The Last Man се чита лесно, а cliffhanger-от на крајот на секој број ве остава да молите за уште. Must read за секој кој се смета љубител на стриповската, па и уметноста општо.

сабота, март 22, 2008

Здрави и Вити ала Дајмонд интро

Ќе почнам со објаснувањето на принципот на телесниот "часовник". Според Дајмонд, телото поминува низ три периоди во текот на денот, со тоа што секој период трае по околу 8 часа.
Првиот период би бил периодот од 04:00 до 12:00 часот. Во овој период телото врши елиминација на отровите од претходниот ден. Може да се внесува само овошје (по можност свежо) или густ овошен сок. Нема ограничување на количината.
Вториот период е периодот од 12:00 до 20:00 часот. Бидејќи овој начин на исхрана се базира на времето кое на одредена храна и е потребно да се свари, во некој нареден пост ќе постирам табела со тоа која храна колку време се вари во организмот. Сега за сега, доволно е да се каже дека месото обично се вари 4+ часа, зеленчукот околу 3 часа, додека пак овошјето се вари за 15 минути со исклучок на бананата која се вари околу 1 час. Ова е важно од таа причина што не смеете да внесувате друга храна се додека претходно внесената храна не се свари. Просто кажано, ако јадете шопска салата со сирење за ручек, не треба да јадете ниту пиете ништо во наредните 3 часа. Друга работа која е важна е немешањето на концентрираните храни. Концентрирана храна е секоја храна која има ниско количество на вода , поточно секоја храна која не е свежо овошје или зеленчук. Ова пак значи дека не смее да се јаде леб и месо или месо и компири, но може секое поединично да се јаде со свеж зеленчук кој посебно летно време го има во изобилие. Поради ова многу луѓе кои се хранат според Дајмонд воопшто не јадат леб. Потребата за благо пак се задоволува со фруктоза од овошјето која е многу поздрава од сахарозата во белиот шеќер. Јас лично како убаво благо (и евтино) јадење би препорачал сушени урми или смокви.Третиот период е периодот од 20:00 до 04:00 часот. Во овој период не треба да се внесува ништо во организмот поради тоа што тогаш организмот ја асимилира храната која била внесена во текот на денот. Дозволено е во ретки случаи (излегување во град итн) внесување на густи сокови или кисела вода, но препорачливо е ова да биде сведено на минимум.
Овие временски периоди се базирани на човек кој легнува да спие во периодот 24:00 - 02:00 часот а станува најкасно до 10:00 часот наутро. Ако некој од разноразни причини не е способен да легнува/станува тоа време, тогаш треба да го приспособи овој телесен "часовник" за своите услови.

Осумнаесеттиот ден од остатокот на мојот живот

По две и пол недели непушење почнав конечно да ги чувствувам предностите од нетруење со цигари по неделите на физичко и психичко повлекување на зависноста од никотин кои најблаго речено не беа многу пријатни. Чувството за мирис и вкус ми е значително подобрено, се задишувам многу помалку и поретко, спијам поредовно во за прв пат по многу години проветрена соба која не смрди на цигари, а да не ни спомнувам ништо за самодовербата која ја добив со тоа што сам на себеси си докажав дека можам да го победам порокот кој толку време ме контролираше.
Но, како и со сите добри работи во животот, и откажувањето од цигарите дојде со една лоша работа - зголемување на мојата телесна тежина. На последното мерење (неколку минути пред да го напишам овој пост) таа изнесуваше нешто над 105 килограми. Исто како и со цигарите, и намалувањето на мојата прекумерна тежина беше нешто што требаше "да го направам некогаш ама не сега", и со години преставуваше проблем во моето секојдневие.
Ни јас не бев имун на магичната поврзаност на храната и цигарите - стравот дека ако се откажеш ќе се здебелиш , како и јојо ефектот каде што пушачот се откажува, се здебелува и потоа повторно пропушува надевајќи се дека на тој начин за брзо време ќе ја намали тежината,со што ем е подебел ем повторно пуши.
Благодарение на whyquit.com успеав да ја сватам оваа поврзаност и да ги избегнам замките.
Од утре почнувам со примена на исхраната која се надевам ќе ја применувам до крајот на мојот живот - Дајмонд (по презимето на Харви Дајмонд, инаку името на книгата каде се објаснува е Здрави и Вити). За самата исхрана во некој нареден пост.
п.с. Конечно тие што ги интересираше како точно функционира оваа исхрана ке имаат шанса да дознаат тука, а оние кои прв пат слушаат за неа да се уверат дека навистина функционира (со мене како заморче :).

петок, март 21, 2008

Стари луѓе на универзитетите?

Бидејќи и самиот сум постар од повеќето студенти на мојот факултет, едноставно морав да пишам нешто за оваа појава. На пример, кај мене во групата има барем десетина средновечни типчиња, две-три возрасни дами и понекој вистински oldtimer (над 50 години). Се разбира дека прашањето дали некој треба или не да оди на факултет на тие години е бесмислено. Факултетот е отворен за секого без разлика на возраста (под услов да е вонреден студент се разбира), и дури треба да се охрабруваат постарите луѓе кои се економски и физички способни да доаѓаат на предавањата каде можат да научат многу корисни работи за во нивниот професионален или приватен живот.
Тоа за што е овој пост е поставеноста на "младите" луѓе кон овие "старци". Ниеден човек не е остров - тој е поврзан со другите луѓе и без нив не може да опстане. Можноста да некој опстанува комплетно сам уште античките филозофи ја препишувале само на зверовите и боговите.Се разбира дека ќе постои некаква љубезност... Обичното добар ден , некое менување на скрипта... Но дали тоа треба да заврши таму? Дали ако некој има десетина години повеќе од вас треба да се брендира како некој кој не може да свати мрсен виц, или да препишува на испит/колоквиум?
Се согласувам со тоа дека не може да се воспостави нормално ниво на дискусија со постар човек ако тој не е способен да се симне барем малку на ваше ниво. Тешко дека некој 20 годишњак ке се интересира за животот во СФРЈ, но истиот тој ќе се претвори во уво ако се зборува за неговиот омилен клуб, некоја добра женска или за играње на WoW.
Како што е очекувано, и кај мене на факултетот има постари студенти кои најнормално си прават муабет, се смеат на зезанциите и бегаат од часови кога тоа се организира (EKTС :).
Така да good for them. Оставете ги предрасудите надвор... Надвор секој може да биде родител, гласач, работник, мајка или татко... Но во факултетот има само еден однос... Односот на професорот кон студентот... А сите студенти се еднакви. Зарем не?

четврток, март 20, 2008

Tiberian Sun, my ass

После подолго време земав да играм една од игрите која ми остави убав впечаток на времето - C&C 2 Tiberian Sun. Ја симнав, не беше нешто посебно голема(околу 1.2 GB), и по кратката инсталација се појави добро познатото мени.
Ех, одма клик на New Campaign и нестрпливо чекав да уживам по втор пат во борбата помеѓу GDI и NOD. Прво имаше едно интро за GDI (првин нив ги одбрав) кое беше со катастрофална резолуција, а актерите во него изгледаа како да постојано им се оди во нужда (нешто слично на Benjamin Sisko од DS9). Играва е излезена 1999 - последниот patch 2.03 го aпдејтува главното мени на 2000(иста година како Diablo 2 на пример) а филмчињата изгледаат како да се правени 1995 во некоја недобро проветрена гаража. Нејсе, помина филмчето со Darth Vader и човекот од првиот дел на Терминатор (James Earl Jones и Michael Biehn)кое ја вергла истата приказна за лошите NOD кои ги напаѓаат добрите GDI и се отвори екран со не баш симпатична графика.Ок, не можам да барам 3d Direct X 10.1 Pixel Shader 4.0 графика, но можеа барем малце да средат игра која на времето бараше вистински звер од компјутер за да се пушти. Но,добро, зградите светкаат, камиончињата си собираат некакви зелени мрљи кои треба да бидат tiberium... И по неколку битки успеав да ја уништам базата на непријателот. Кога... Мисијата не завршува. Најпрво мислев дека е bug, но потоа се сетив дека оваа игра има една екстремно глупава работа - уништи се што е непријателско на мапата. Во овој случај тоа беше мал sam site кој го најдов по 10 минутно барање. Откако на секоја наредна мисија (а ги има некаде околу 18 со GDI и исто толку со NOD) трошев десетина минути во барањето на некаков sam site или некој преживеан војник, фино лепо ја одинсталирав. Мој совет - не ја ставајте во PC ако ве фати носталгија. Верувајте,ќе пројде.

Ајде мајмуни, зарем сакате да живеете вечно?

(Johnny Rico) е сега генерал а на него му се придружува и Конечно дојде 2008ма и снимањето на новиот Starship Troopers (третиот дел) филм е при крај. Casper Van DienJolene Blalock па заедно со здружени сили ке влезат во уште една бесмислена но полна со адреналин борба со бубачките. Приказната е базирана на книгата од Heinlein и се врти околу футуристичко милитантно општество со кое владеат ветераните, а цивилите немаат речиси никакви права (дури ни правото да бираат самите колку деца ќе имаат). Дали Heinlein покажувал извесни симпатии кон ова општество или не останува на самите читатели/гледачи. Комплетната пропаганда е прикажана со неколку пропагандни клипчиња во кои безрезервно се употребуваат мали деца во пропагандни цели, а секој обид да се направи било какво примирје или преговори со бубачките се отфрла како тотално бесмислен. Но, ова општество покажува некои други вредности - во него нема расизам, нема полова нееднаквост... Сите во него се робови на тој над нив и деспоти врз тој под нив. Дали е тој или таа, или пак белец или црнец не прави никаква разлика.
На важноста на оваа идеја укажува и тоа што книгата е на листата на читање во сите крила во американската војска, и е единствена sf книга со тој статус.
Контроверзноста продолжува и денес - додека некои го обвинуваат Heinlein за профашистички и промилитантен став, други укажуваат на тоа дека книгата може да се свати како 1984 на Орвел - предупредување за тоа што може да се случи ако војската ја превземе клучната контрола врз нашата цивилизација.
p.s. Не го гледајте вториот дел - it sucks donkey balls

среда, март 19, 2008

Sinking Island

По одличните Amerzone, Syberia и Syberia 2 и не толку одличната Paradise од белгиецот Benoit Sokal ни доаѓа уште една авантура и тоа овој пат под името Sinking Island. Првата работа што ми падна во очи кога ја инсталирав беше отсуството на познатиот бренд Microids кој се појавуваше во секоја игра издадена од Sokal. Затоа пак се појавува логото на White Birds (да, логото се навистина бели птици), која е новата фирма на Sokal.
Играта почнува со главниот лик, извесен Jack Norm, детектив пратен на еден остров да разреши навидум лесен случај.
Како што тоа бива со игрите од Sokal, се воспоставува дека на островот е изградена огромна кула од убиениот Walter Jones, која пак сега поради својата тежина и поради нестабилноста на тлото го тоне островот. Имате десетина дена во кои морате да ги откриете сите докази против правиот убиец, и да го напуштите островот пред тој целосно да потоне под површината на океанот.
Типот на загатки е прилично интересен, но поради тоа што се инсистира на линеарност по извесно време станува иритирачки - иако понекогаш ќе знаете што треба да се направи, ќе морате да го шетате Jack Norm по островот и да собирате докази за да ја потврдите својата теорија (целиот начин на собирање докази наликува на голема сложувалка) и потоа да ги редите доказите во соодветни квадратчиња додека не се исполни една црвена линија со штo би докажале дека на пример Walter Jones не умрел од природна смрт туку бил убиен.
Jack добива телефонски повици кои потсетуваат на повиците кои ги добиваше Kate Walker , но за разлика од Syberia тука тие изгледаат исфорсирано и непотребно, а во некои ситуации е јасно дека се ставаат само како начин да се бутка приказната напред.
Графиката е прилично добра за авантура, иако има голем проблем со пререндираните позадини. Јас лично очекував комплетен 3d свет налик на оној во Broken Sword 3, но дури и вака играта има моменти каде може да ве воодушеви со својата убавина.
Звукот би можел да биде поделен на добар и лош дел - добриот дел би било музиката, додека лошиот очајниот voice acting. Уште од Black Mirror немам слушнато волку лоши гласови, едноставно изгледа како да ги собрале луѓево од улица, а единствениот добар глас е всушност истиот глас позајмен за симпатичниот робот Oscar од Syberia.
Се на се, играва е добра авантура но има ситни проблеми со логичноста на приказната и со voice actingot. Ако сакате авантури, тогаш ќе прогледате низ прсти на неколкуте пропусти и ќе уживате во солидната графика, убавата музика и горе доле солидната приказна, но ако сте фан на Syberia или Broken Sword 3, а другите авантури ви изгледаат ненормално досадно, тогаш Sinking Island не е игра за вас.

RIP Arthur C. Clarke

Ех, кога зборуваме за краткоста на животот... На 90 годишна возраст, не напушти Артур Кларк, писател par exellence, автор на книги како 2001, 2010, 2061, 3001 Одисеја во Вселената, Големата Длабочина, Рандеву со Рама, Песни од Далечната Земја,Градот и Звездите...
Почина во Коломбо, Шри Ланка. Остана запаметен по тоа што ја даде идејата за телекомуникацискиот сателит, но никогаш не ја патентираше истата. Напиша и есеј со наслов "Како изгубив милијарда долари во моето слободно време". До крајот на животот веруваше во постоење на интелигентен живот во вселената, и беше подржувач на SETI проектот. Во земјата во која живееше пак, се залагаше за мир помеѓу владините сили и Тамилските сепаратисти. Многупати зборуваше за неопходната прoмена од фосилно на обновливо гориво, како и за проблемите кои би можеле да настанат од постојаното и неконтролирано загадување на планетата на која живееме.
Лесна му земја.

Зошто токму De Brevitate Vitae?

Самиот наслов на блогов доаѓа од есејот на Сенека - За краткоста на животот. Сенека го анализира токму тоа прашање - дали е доволно времето кое му е дадено на човекот од страна на природата. Дали тој има доволно долг живот за да го направи тоа што го сака...Или пак е постојано во трка со времето, обидувајќи се да постигне колку што е можно повеќе пред да замине од овој свет?
Во согласност со времето во кое живеел, Сенека вели дека човекот има доволно време за да постигне нешто важно во својот живот, но дека залудно го троши на безначајни работи. Според него, животот има смисла само ако се потроши на нешто важно, што според него е филозофијата.
Денес живееме во едно поразлично време. Време на информации, на постојани промени како во општеството така и во технологијата. Се менува начинот на кој размислуваме, на кој јадеме, спиеме, слушаме и гледаме. На моменти во ова време на постојано бомбардирање со информации забораваме дека животот навистина е краток...И дека треба да го живееме секој момент како да е последен. Да уживаме во топлото ветерче во пролетта, прекрасното сонце во летото, ладните капки дожд во есента и белите снегулки во зимата. Па, да уживаме! Бидејќи во модерното општество, тоа е важната работа која за Сенека во античкото време била филозофијата.