среда, март 19, 2008

Sinking Island

По одличните Amerzone, Syberia и Syberia 2 и не толку одличната Paradise од белгиецот Benoit Sokal ни доаѓа уште една авантура и тоа овој пат под името Sinking Island. Првата работа што ми падна во очи кога ја инсталирав беше отсуството на познатиот бренд Microids кој се појавуваше во секоја игра издадена од Sokal. Затоа пак се појавува логото на White Birds (да, логото се навистина бели птици), која е новата фирма на Sokal.
Играта почнува со главниот лик, извесен Jack Norm, детектив пратен на еден остров да разреши навидум лесен случај.
Како што тоа бива со игрите од Sokal, се воспоставува дека на островот е изградена огромна кула од убиениот Walter Jones, која пак сега поради својата тежина и поради нестабилноста на тлото го тоне островот. Имате десетина дена во кои морате да ги откриете сите докази против правиот убиец, и да го напуштите островот пред тој целосно да потоне под површината на океанот.
Типот на загатки е прилично интересен, но поради тоа што се инсистира на линеарност по извесно време станува иритирачки - иако понекогаш ќе знаете што треба да се направи, ќе морате да го шетате Jack Norm по островот и да собирате докази за да ја потврдите својата теорија (целиот начин на собирање докази наликува на голема сложувалка) и потоа да ги редите доказите во соодветни квадратчиња додека не се исполни една црвена линија со штo би докажале дека на пример Walter Jones не умрел од природна смрт туку бил убиен.
Jack добива телефонски повици кои потсетуваат на повиците кои ги добиваше Kate Walker , но за разлика од Syberia тука тие изгледаат исфорсирано и непотребно, а во некои ситуации е јасно дека се ставаат само како начин да се бутка приказната напред.
Графиката е прилично добра за авантура, иако има голем проблем со пререндираните позадини. Јас лично очекував комплетен 3d свет налик на оној во Broken Sword 3, но дури и вака играта има моменти каде може да ве воодушеви со својата убавина.
Звукот би можел да биде поделен на добар и лош дел - добриот дел би било музиката, додека лошиот очајниот voice acting. Уште од Black Mirror немам слушнато волку лоши гласови, едноставно изгледа како да ги собрале луѓево од улица, а единствениот добар глас е всушност истиот глас позајмен за симпатичниот робот Oscar од Syberia.
Се на се, играва е добра авантура но има ситни проблеми со логичноста на приказната и со voice actingot. Ако сакате авантури, тогаш ќе прогледате низ прсти на неколкуте пропусти и ќе уживате во солидната графика, убавата музика и горе доле солидната приказна, но ако сте фан на Syberia или Broken Sword 3, а другите авантури ви изгледаат ненормално досадно, тогаш Sinking Island не е игра за вас.

Нема коментари: