сабота, март 22, 2008

Осумнаесеттиот ден од остатокот на мојот живот

По две и пол недели непушење почнав конечно да ги чувствувам предностите од нетруење со цигари по неделите на физичко и психичко повлекување на зависноста од никотин кои најблаго речено не беа многу пријатни. Чувството за мирис и вкус ми е значително подобрено, се задишувам многу помалку и поретко, спијам поредовно во за прв пат по многу години проветрена соба која не смрди на цигари, а да не ни спомнувам ништо за самодовербата која ја добив со тоа што сам на себеси си докажав дека можам да го победам порокот кој толку време ме контролираше.
Но, како и со сите добри работи во животот, и откажувањето од цигарите дојде со една лоша работа - зголемување на мојата телесна тежина. На последното мерење (неколку минути пред да го напишам овој пост) таа изнесуваше нешто над 105 килограми. Исто како и со цигарите, и намалувањето на мојата прекумерна тежина беше нешто што требаше "да го направам некогаш ама не сега", и со години преставуваше проблем во моето секојдневие.
Ни јас не бев имун на магичната поврзаност на храната и цигарите - стравот дека ако се откажеш ќе се здебелиш , како и јојо ефектот каде што пушачот се откажува, се здебелува и потоа повторно пропушува надевајќи се дека на тој начин за брзо време ќе ја намали тежината,со што ем е подебел ем повторно пуши.
Благодарение на whyquit.com успеав да ја сватам оваа поврзаност и да ги избегнам замките.
Од утре почнувам со примена на исхраната која се надевам ќе ја применувам до крајот на мојот живот - Дајмонд (по презимето на Харви Дајмонд, инаку името на книгата каде се објаснува е Здрави и Вити). За самата исхрана во некој нареден пост.
п.с. Конечно тие што ги интересираше како точно функционира оваа исхрана ке имаат шанса да дознаат тука, а оние кои прв пат слушаат за неа да се уверат дека навистина функционира (со мене како заморче :).

1 коментар:

Бојан Николов рече...

Јас сум чист скоро 6 месеци. :)