четврток, март 27, 2008

All unbelievers must burn

Ок, мислев дека по Blood Ravens нема да видам пофанатична багра на психопатски убијци во името на God-Emperor of Mankind. Ете, со новата експанзија на Warhammer 40k Dawn of War под името Soulstorm се покажа дека не само што имало пофанатична багра, туку оваа багра е толку пофанатична што смета дека и Blood Ravens треба да се исчистат со "светиот оган". Да, зборувам за новата раса (една од двете, но најинтересното нешто кај другата раса, Dark Eldar е измачуваниот роб кој кенка цело време) под името Sisters of Battle. Играте со една нивна фракција (како што Blood Ravens беа дел од Space Marines) под името Order of the Sacred Rose.
Приказната во оваа најнова, трета по ред експанзија се врти околу четири планети и три месечини расцепкани на неколку десетици територии кои треба да бидат освоени и даваат одредени предности кога ќе ги освоите (forward bases, побрзо собирање на ресурси, додатни почетни единици итн). Звучи познато? Ако на тоа додадете слична графика (има некои подобрувања, но тие се минимални), па дури и комплетно ист систем на освојување на истите strategic points, градење на listening posts итн итн...
Едноставно играта премногу потсетува на Dark Crusade. Подобро име би и било Dark Crusade 2.5 отколку да се смета како посебна нова експанзија. Главните разлики би биле во некаква лабава приказна која се врти околу гореспомнатите четири планети кон кои се ближи Warp Storm (оттаму и името, нали) па никоја од расите не може да го напушти системот, и во духот на Warhammer универзумот се впуштаат во бескомпромисно уништување на другите раси кои ја имале таа (не)среќа да бидат во истиот систем со нив. Поради Warp Storm-от патувањето од планета до планета се одвива преку огромните Ancient Gates што е истовремено и мана и предност на играта. Од една страна, ве приморува да отидете на сите планети и месечини за да дојдете до последната планета и да ја уништите последната база на другите раси за да дојдете до победа со што се избегнува минусот на Emperror Battle for Dune каде можеше да се заврши играта за некои два часа со избегнување на повеќето територии и директен напад на главните градови, но од друга страна преставува голем pain in the ass кога иако лесно можете да нападнете некоја база морате прво да ја освоите територијата со Ancient Gate за воопшто да стигнете таму.
Играва нема ништо ново, освен тоа што веќе постоечкиот универзум на крвопролевање, насилство и религиозен фанатизам од четириесеттиот век го проширува со уште две раси. Има и некакви летечки единици, но и да ги немаше никој немаше да осети некаква разлика. И двете раси имаат некаков нов систем на собирање на Faith кај Sisters of Battle и Soul Essence кај Dark Eldar кој па потоа се искористува за нивните special abilities но со оглед на тоа што и во Dark Crusade имаше единици со special abilities а не требаше никаков посебен ресурс за да се употребуваат, ова изгледа на додатно непотребно комплицирање на играта. И да, играта е значително потешка дури и на easy нивото од нејзиниот претходник.
Се на се, играва ми го направи меракот. Забавна е, нема некои значителни bug-ови, а гласовите кои повикуваат на палење на неверниците и убивање на "еретиците,мутантите и вонземјаните" навистина прават адреналинот да се качува на високо ниво. Едвај чекам потполно нова игра со се надевам нов engine и нова графика. Дотогаш останува да запалам уште некој Necron...Blood Raven...Eldar... :)

1 коментар:

Бојан Николов рече...

А, замисли колку е филм да се игра Warhammer board game! Штета што се толку скапи и фигурите, и се останато.. :S