петок, март 21, 2008

Стари луѓе на универзитетите?

Бидејќи и самиот сум постар од повеќето студенти на мојот факултет, едноставно морав да пишам нешто за оваа појава. На пример, кај мене во групата има барем десетина средновечни типчиња, две-три возрасни дами и понекој вистински oldtimer (над 50 години). Се разбира дека прашањето дали некој треба или не да оди на факултет на тие години е бесмислено. Факултетот е отворен за секого без разлика на возраста (под услов да е вонреден студент се разбира), и дури треба да се охрабруваат постарите луѓе кои се економски и физички способни да доаѓаат на предавањата каде можат да научат многу корисни работи за во нивниот професионален или приватен живот.
Тоа за што е овој пост е поставеноста на "младите" луѓе кон овие "старци". Ниеден човек не е остров - тој е поврзан со другите луѓе и без нив не може да опстане. Можноста да некој опстанува комплетно сам уште античките филозофи ја препишувале само на зверовите и боговите.Се разбира дека ќе постои некаква љубезност... Обичното добар ден , некое менување на скрипта... Но дали тоа треба да заврши таму? Дали ако некој има десетина години повеќе од вас треба да се брендира како некој кој не може да свати мрсен виц, или да препишува на испит/колоквиум?
Се согласувам со тоа дека не може да се воспостави нормално ниво на дискусија со постар човек ако тој не е способен да се симне барем малку на ваше ниво. Тешко дека некој 20 годишњак ке се интересира за животот во СФРЈ, но истиот тој ќе се претвори во уво ако се зборува за неговиот омилен клуб, некоја добра женска или за играње на WoW.
Како што е очекувано, и кај мене на факултетот има постари студенти кои најнормално си прават муабет, се смеат на зезанциите и бегаат од часови кога тоа се организира (EKTС :).
Така да good for them. Оставете ги предрасудите надвор... Надвор секој може да биде родител, гласач, работник, мајка или татко... Но во факултетот има само еден однос... Односот на професорот кон студентот... А сите студенти се еднакви. Зарем не?

2 коментари:

Анонимен рече...

ti si simfonija za moite usi,ur my man, se gordeam so tebe, samo vaka prodolzi

Љубиша Сулимановиќ рече...

баш вчера кога полагав имаше една жена у рани 50ти у предавална. мислев дека е чистачка :) среќа не се излајав пред време