недела, јануари 18, 2009

Black and White 2

Black and White беше една од оние игри кои никако не можев да ја дефинирам... Од една страна е стратегија, а од друга игра со виртуелно милениче, како оние гемчиња што ги продаваа во Јапонија на времето.
Продолжението на оваа игра е уште поинтересно, и повозбудливо, посебно во овие темни, ладни магливи ноќи , кога само дремам дома, и убаво разбива монотонија од Two and a half men :).Приказната е прилично слична на првиот дел - еден верник се моли на Бога да го спаси (во првиот дел беше неговиот син, тука се работи за напад од Ацтеките врз Грците) , и ти си создаден како - Бог. Играта се игра на истиот начин како првиот дел - претставен си како рака која прави секакви чуда, од врнење на дожд, фрлање на огнени топки, градење на објектите, до давањето на различни работни позиции на следбениците, како breeder , farmer или worshiper. Суштеството е повторно тука, јас одбрав лав, но имате уште да бирате и крава, мајмун (едно од поинтересните виртуелни суптества што досега сум ги видел, максимално реалистично направено) и волк.
Името на играта, се добива од тоа што можете да играте како добар или зол Бог. Можеш да ги фрлаш поданиците, да ги даваш на вашето суштество да ги јаде, па дури и да фрлаш камења по нив, или истите да ги користиш како мини топчиња за куглање. Се зависи од тоа колку и дали си пијан нормално. Играш со Грците, а попат се сретнуваш со Norse tribe (има многу снег, бљак), со Јапонците, и со Ацтеките. Ацтеките воедно и се најголем проблем ако играш како добар Бог - тие се највоинствени, а со оглед на тоа дека за да бидеш добар треба да ја лимитираш воената сила само на самоодбрана, ѓе доживуваш многу моменти во кои вашиот град кој си го градел со часови ќе исчезне под superweapon-от на непријателот.
Пред некој ден ме фати една мрза во однос на времето ... Овој период отсекогаш ми бил навистина тежок , обично ме потсеќа на една лоша случка која се случи пред 10 години, а воедно и некако се трошат последните сили од зимата, која оваа година беше исклучително ладна и пренатрупана со обврски. Се надевам дек наредниот месец ќе добијам конечно малку повеќе одмор, а помалку работа... Дотогаш останува да се изживувам врз поданиците... И да плескам Оgame (по којзнае кој пат) на 42тиот универзум , со новата (пицната) графика.

среда, јануари 14, 2009

Снегот се топи, пролетните дождови еве ги доаѓаат...

Ех, пројде уште една година. Не дека беше досадна, напротив, имаше многу работи кои се случија. Како на пример, блогот за Бетмен. Или тоа што престанав да пушам цигари и елиминирав уште една година на факс. Некако не знам што ми е поважно... Ај нека биде факсот и цигарите, и тоа само пошо некако ми е мил животот.
И, додека како муле буљам во новата година (или ко Бетмен на сликава) можам да напишам и што очекувам од неа. Ништо! Апла ништо. Почнав ко Лери Дејвид да серам на се и сешто, па дури и да барам simpathy лапање од згодни цури пошо сум дебел. По цели денови се мислам како да избегнам учење, а повеќе време да посветам на плескање на игрици, дремење на Лицекнигата, или едностано сурфање по порно. Да, порно - парно... и во двата случаи има секс и тоа голем, но за тоа друг пат, кога ќе биде потопло. Се на се, оваа година немам некои фаворити во филмови, луѓе, начини на вежбање ,или дали Супермен е јачи од Бетмен. Само сакам да се опуштам и да дремам на ладното, ова пардон топлото парно.
п.с. Ми доаѓа роденден, планирам да изигравам Бобо ала Сине и да си купам нешто сам... Само се мислам меѓу некој оригинален филм од амазон или нешто облека која за месец - два нема да ме собира.

среда, октомври 15, 2008

Wrath of the Lich King

Arthas, предавнику на целиот Lordaeron, таткоубиецу и убиецу на Uther the Lightbringer, силите на Алијансата со градењето на новото пристаниште во Stormwind и на Ордата со новите кули за цепелини пред Огримар доаѓаат по тебе во Northrend. Твојата казна ќе биде долга и болна, исто како времето кое го потрошивме борејќи се меѓу себе и со твојот слуга Илидан. Твоето време дојде Arthas! Ти ќе бидеш поразен во името на Алијансата и Ордата, во името на Светлината и на човечноста. For the Alliance!

среда, септември 17, 2008

Спиење на под

Ех, мојот Еверест... Од кога сум пробувал да спијам на под, послем сите филозофии дека помага во исправување на кичмата и има многу подобри ефекти на целата коскена структура него спиењето во кревет. Ете, од денес ќе почнам со сиење на под, па ќе пишувам во наредните недели како што се слушува. Еве слика од типична јапонска спална, иако ваков кревет тешко дека може да се најде во Македонија (евентуално ако се извадат душеците од кревет со дрвена подлога). Но, подот ќе мора да биде доволен за сега.п.с. Паднав под 87 килограми во тежина и полека но сигурно идам накај магичната 80ка :)
п.п.с. Death Note rules ! :).

среда, септември 10, 2008

Rosetta@home

Прв пат слушнав за овој програм од еден пријател, а концептот е многу едноставен и практичен. Овој програм , изработен од Baker Labaratory има за цел пронаоѓање на нови начини на свиткување на протеините и нивно спојување во поголеми протеини, што со оглед на тоа што погрешното свиткување (folding) на протеините е одговорно за многу болести (од Алцхајмерова до Сида) секако дека ако знаеме повеќе за тој процес ќе значи многу за пронаоѓањето на лекови/вакцини за овие болести.
Програмата е екстремно мала и зазема мал простор на вашиот хард (може и да се намали уште повеќе ако сакате), а плус на тоа кога се вклучува некоја друга програма (игра, video player итн ) веднаш ги ослободува процентите потребни за работа на таа програма од процесорот.Дистрибуирана е преку BOINC (Berkeley Open Infrastracture for Network Computing) која па сама по себе подржува многу проекти од SETI, па до јапонски проекти за откривање на Господ знае кој по ред број во Пи.
Бонусот е screensaverот кој иако со рудиментирана графика може да ви покаже протеини на атомско ниво како се превиткуват во симулација барајќи ја најмалата енергија при која протеинот сеуште ќе биде стабилен.
За да не должам многу, линковите се:
http://boinc.berkeley.edu/
http://boinc.bakerlab.org/rosetta/
http://en.wikipedia.org/wiki/Rosetta@home
Секој силикон вреди многу а секој резултат може да значи чекор напред во пронаоѓање лек.

недела, септември 07, 2008

Max Payne или спомените на една младост

Нормално, не алудирам на тоа дека сега сум престарен, туку на времето кога во 2001 година јас и уште неколку другари ја земавме играта под името Max Payne (тогаш имавме по некои си 18 години, полни со адреналин и со верба дека можеме да го смениме светот) која потполно легна на нашите амбиции да ја исползуваме нашата агресија од извесниот конфликт во светот на игрите (подобро нели отколку да го правиме истото во реален живот). Тоа што мене ме зачуди беше концептот на раскажување на приказната што сега ми изгледа на класичен Френк Милер rip-off. Noir, преполна со трагедија и на моменти надреални сцени (како сцената во која Max трча низ својот ум за да излезе од сеќавањето на неговата фамилија која била убиена, а ве води гласот на бебе кое плаче) приказната го крена нивото на севкупната gaming industry и по неа излегоа еден куп мрачни приказни (Blood Rayne anyone?) кои се вклопија совршено во индустријата која тогаш беше за деца а сега просечен gamer има 27 години и бара нешто повеќе од забава.Кој ја нема играно, нека го земе и вториот дел, има малку подобра графика а не губи ништо на квалитет од првиот. Со оглед на тоа што има и trailer за филмот по играва, еве го и него. Уживајте...И дa, Mark Walhberg е совршен за улогата. Ех ова буди сеќавања и сум многу субјективен... Непроспани ноќи и многу многу дремење пред монитор :). Good times.
p.s. Iron Man rocks!

вторник, септември 02, 2008

6 месеци без цигари

Според Quit Keeper-от, прекрасно програмче кое си пресметува врз основа на тоа колку цигари сте пушеле дневно и колку пари коштала кутија, колку сте заштедиле пари, колку цигари не сте испушиле и колку сте си го зголемиле очекуваниот животен век со тоа (една цигара = 5 минути), се доби следново :
I have been quit for 5 Months, 4 Weeks, 2 Days and 59 minutes (183 days). I have saved €222.38 by not smoking 5,491 cigarettes. I have saved 2 Weeks, 5 Days, 1 hour and 35 minutes of my life. My Quit Date: 03/03/2008 16:10
На 03.09.2008 ќе бидам 6 месеци непушач. Сите лоши страни како станувањето како Џаба Д Хат со 120те кила во април или проблемот со неспиењето во периодот април-мај кога колку и да ми се спиеше се осеќав како да ми фали нешто (читај цигара) па пиев по десет кафиња поминаа, се надевам засекогаш.
Добрите страни се толку многу што не можам да ги набројам на десет страници, а парите (222 евра не се малце парички, може да се изгура едно просечно одморче, илити испаѓа некаде околу 450 евра годишно, што е сосема фино одморче) стануваат само споредна работа. Кога го почнав овој тежок пат, се зафатив со два основни проблеми кои беа кажани и на сајтот whyquit.com - кризите (психичките беа константни) и недостатокот на шеќер, бидејќи кога пушите цигара ви се зголемува нивото на шеќер во крвта, и со тоа, се чувствувате сити и vice-versa.
Кризите поминаа за релативно брзо време (за некои си недела-две веќе не чувствував конкретна желба за цигари, а по два месеци, односно веќе од мај па навака цигарите би станаа толку одвратни што сега не можам ни да седам до пушач а камоли да седам во задимена просторија) , но остана проблемот со ниското ниво на шеќерот во крвта. Едноставно, константно бев гладен. Цело време, ноќе и дење ми се јадеше. Бидејќи ја направив истата грешка како (дури!) 98% од луѓето кои се откажуваат од цигари и си реков дека тоа што јадам многу е подобро од пушењето цигари, од некаде 80 килограми колку што имав во февруари, отидов на над 120 килограми при крајот на април. Секој обид да се почне со Дајмонд исхраната беше неуспешен бидејќи нивото на шеќер во крвта толку ми паѓаше утрото што дури и без вежбање се случуваше да имам вртоглавици, а со вежбање дури и грчеви и силни болки на местата каде што вежбав (обично стомачните или трицепсот). Од мај почнав да се чувствувам доволно приспособен на новата ситуација за да почнам со Дајмонд, иако целосно ја имплементирав исхраната (вклучително со вежбањето отсабајле, почнав со 2 серии по 4 склекови и 2 серии по 20 стомачни, денес правам 2 серии по 15 склекови и 2 серии по 75 стомачни) дури при крајот на јули. Промената дојде и со промена од кафе на чај (иако сеуште пијам кафе , само многу многу ретко) и тоа зелен чај, кој редовно го пијам еднаш дневно, како и со подобрен биоритам кој особено ми помогна во спиењето и (конечно!) се наспав како што треба, иако септември ќе биде месецот кога ќе се наспијам како што треба (ако е вака облачно :).
Се на се, ако некој пушач го чита овој пост, или човек кој не се чувствува добро со нашинот на кој му изгледа телото (потенцирам не се чувствува добро бидејќи убавината е во окото на тој што ја гледа), би употребил слоган на еден од претседателските кандидати во Америка, Yes we can, или, да бидам попрецизен,Yes you can (Да, вие можете). Фрлете ги кутиите со цигари и наеднаш откажете се бидејќи сите фластери, никотински мастики, и лажењето од типот на зошто да се откажам кога и така и така ќе умрам еден ден, или ќе намалам на бројот на цигари па еден ден постепено ќе се откажам нема да делуваат и го знаете тоа самите. Добар совет би било (ако знаете англиски) да отидете на форумот на гореспоменатиот сајт, каде што ќе можете да зборувате и да добиете помош од постручни лица во областа на откажувањето од зависности, како и од други екс-пушачи. Од еден екс пушач до сите сегашни пушачи - од откажувањето само се добива и не губите ништо освен зависноста.