Ех, пројде уште една година. Не дека беше досадна, напротив, имаше многу работи кои се случија. Како на пример, блогот за Бетмен. Или тоа што престанав да пушам цигари и елиминирав уште една година на факс. Некако не знам што ми е поважно... Ај нека биде факсот и цигарите, и тоа само пошо некако ми е мил животот.И, додека како муле буљам во новата година (или ко Бетмен на сликава) можам да напишам и што очекувам од неа. Ништо! Апла ништо. Почнав ко Лери Дејвид да серам на се и сешто, па дури и да барам simpathy лапање од згодни цури пошо сум дебел. По цели денови се мислам како да избегнам учење, а повеќе време да посветам на плескање на игрици, дремење на Лицекнигата, или едностано сурфање по порно. Да, порно - парно... и во двата случаи има секс и тоа голем, но за тоа друг пат, кога ќе биде потопло. Се на се, оваа година немам некои фаворити во филмови, луѓе, начини на вежбање ,или дали Супермен е јачи од Бетмен. Само сакам да се опуштам и да дремам на ладното, ова пардон топлото парно.
п.с. Ми доаѓа роденден, планирам да изигравам Бобо ала Сине и да си купам нешто сам... Само се мислам меѓу некој оригинален филм од амазон или нешто облека која за месец - два нема да ме собира.

Нема коментари:
Објави коментар