сабота, март 22, 2008

Здрави и Вити ала Дајмонд интро

Ќе почнам со објаснувањето на принципот на телесниот "часовник". Според Дајмонд, телото поминува низ три периоди во текот на денот, со тоа што секој период трае по околу 8 часа.
Првиот период би бил периодот од 04:00 до 12:00 часот. Во овој период телото врши елиминација на отровите од претходниот ден. Може да се внесува само овошје (по можност свежо) или густ овошен сок. Нема ограничување на количината.
Вториот период е периодот од 12:00 до 20:00 часот. Бидејќи овој начин на исхрана се базира на времето кое на одредена храна и е потребно да се свари, во некој нареден пост ќе постирам табела со тоа која храна колку време се вари во организмот. Сега за сега, доволно е да се каже дека месото обично се вари 4+ часа, зеленчукот околу 3 часа, додека пак овошјето се вари за 15 минути со исклучок на бананата која се вари околу 1 час. Ова е важно од таа причина што не смеете да внесувате друга храна се додека претходно внесената храна не се свари. Просто кажано, ако јадете шопска салата со сирење за ручек, не треба да јадете ниту пиете ништо во наредните 3 часа. Друга работа која е важна е немешањето на концентрираните храни. Концентрирана храна е секоја храна која има ниско количество на вода , поточно секоја храна која не е свежо овошје или зеленчук. Ова пак значи дека не смее да се јаде леб и месо или месо и компири, но може секое поединично да се јаде со свеж зеленчук кој посебно летно време го има во изобилие. Поради ова многу луѓе кои се хранат според Дајмонд воопшто не јадат леб. Потребата за благо пак се задоволува со фруктоза од овошјето која е многу поздрава од сахарозата во белиот шеќер. Јас лично како убаво благо (и евтино) јадење би препорачал сушени урми или смокви.Третиот период е периодот од 20:00 до 04:00 часот. Во овој период не треба да се внесува ништо во организмот поради тоа што тогаш организмот ја асимилира храната која била внесена во текот на денот. Дозволено е во ретки случаи (излегување во град итн) внесување на густи сокови или кисела вода, но препорачливо е ова да биде сведено на минимум.
Овие временски периоди се базирани на човек кој легнува да спие во периодот 24:00 - 02:00 часот а станува најкасно до 10:00 часот наутро. Ако некој од разноразни причини не е способен да легнува/станува тоа време, тогаш треба да го приспособи овој телесен "часовник" за своите услови.

4 коментари:

Rogi рече...

Се е ова убаво, само кој да го примени :)/ Шала на страна, ова е комплено точно, ама можеби треба да се спомене дека некој, што на пример практикувал хамбургер од 7ца во 01:00 по полноќ, ова многу тешко може да го имплементира комплетно.

Мој совет е да се почне со помалку радикални промени. На пример: Јади го тоа шсто и до сега си го јадел ама внимавај на тајмингот на оброците. Со тек на време полесно ќе биде да се направи промената и во поглед на видот на храната.

П.С. Све ова е џабе без соодветна физичка активност (фитнес, трчање, колективни спортови, планинаренје и сл) и тоа редовно.

Поздрав

Влатко рече...

Da, sekako ke ima i post za fizicka aktivnost i toa e planirano u dajmond :)

Анонимен рече...

vika deka posle 8 ne treba da se jade. ke umram od glad do 1 vecer moram da jadam nesto. da pomognete sto da pravam. sto da jadam toa vreme bidejki stvarno ne se izdrzuva

Анонимен рече...

Moze li da mi napisete kako se kombinirat namirnicite vo ishranata a toa e lista na jadenja dozvoleni.