
Ех, поминуваат векови и доаѓа еден друг тип наречен Chris Claremont и типов наследува еден waspовски стрип под името Uncanny X-Men. Chris го менува стрипот од самиот темел (претходно стрипот е пишуван и креиран од Stan Lee), воведувајќи луѓе (од двата пола се разбира) од различни раси и од различни нации на планетата. Отелотворението на идејата за еднаквост која More на еден срамежлив начин ја преставил во Утопија е Charles Xavier. Charles е човек кој симболично може да ги чита мислите на другите луѓе. A, тоа што сите луѓе го сакаат е еднаквост, братство и пред се слобода. Годината овој пат е 1975, а наспроти него се појавува Magneto, кој ја преставува животинската страна на човештвото, таа која во Утопијата на More не би постоела (иронично, тој е владетел на Genosha, остров на кој мутантите живеат во релативна еднаквост). Страната водена од одмазда, гнев и емоции, заборавајќи на рационалноста и компромисот на кои Xavier инсистира од самиот почеток. Додатно на тоа, сите мутанти се напаѓани од луѓето само заради тоа што се различни, преставувајќи ги сите хомосексуалци, црнци, секој кој е на било каков начин угнетуван во својата држава само затоа што не одговара на профилот на "нормален".
И конечно, тука е Star Trek. Не би зборувал многу за таа серија, освен дека има одиграно толку голема улога во промената на мислењето на младата генерација во шеесетите (жена, па уште и црнкиња со власт врз белци било незамисливо за тоа време) што цела една група на политичари, уметници, научници и писатели беа инспирирани од светот на Star Trek, кој всушност ја преставува Утопијата на More со некакви технолошки напредоци.
Иако разликата меѓу овие три идеи е повеќе векови, можеме да видиме дека луѓето дури и во времето на колонијализмот, исто како и во времето на глобализмот сакаат подобра иднина за своите деца. Иднина каде сите ќе живеат како луѓе, и каде секој ќе се цени по својот карактер, а не по тоа каква боја на кожа има или кој му е татко/мајка/роднина. За жал, тоа покажува (ако во предвид се земе Платон, кој живеел и работел пред повеќе од 2500 години, а имал сличен концепт за еднаквост и владеење на најспособните без никаков непотизам) дека човештвото постојано се врти во круг. Целиот технолошки напредок не ја променува свеста на самиот човек. Или, како што тоа прекрасно го срочи еден австриски писател, ако Диоген дојде денес во нашиот свет, единствената разлика ќе биде во тоа што тој ќе бара човек сред бел ден со електрична лампа наместо со лампа на масло.
4 коментари:
Фино склопено. Јас само би прокоментирал за делот каде сите луѓе живеат еднакво...во сенка на минативе немили настани во поглед на нашето име. Јас сум "поборник" на тоа што побрзо дас е заорават националните срања на секоја земја на светов и веќе сите да почнеме да се нарекуваме ЛУЃЕ. Да не биде важно дали си Македонец, Американец, Русин, Кинез, Нигериец...
Голем прогрес би било кога со не некаква магија би се тргнале од влас сите ајвани или т.н. (самопрогласени) политичари и све ке тргне кон МНОГУ подобро.
Али како и претходниве идеологии (ако може така да се наречат) и ова моево е недостижно (барем за наредниве стотина години).
Поздрав
You may say i am a dreamer... :).
...and add that there is nothing wrong with that. :)
Интересна споредба друже. Добра статија. Keep it up!
Објави коментар