Arthas, предавнику на целиот Lordaeron, таткоубиецу и убиецу на Uther the Lightbringer, силите на Алијансата со градењето на новото пристаниште во Stormwind и на Ордата со новите кули за цепелини пред Огримар доаѓаат по тебе во Northrend. Твојата казна ќе биде долга и болна, исто како времето кое го потрошивме борејќи се меѓу себе и со твојот слуга Илидан. Твоето време дојде Arthas! Ти ќе бидеш поразен во името на Алијансата и Ордата, во името на Светлината и на човечноста. For the Alliance!
среда, октомври 15, 2008
среда, септември 17, 2008
Спиење на под
Ех, мојот Еверест... Од кога сум пробувал да спијам на под, послем сите филозофии дека помага во исправување на кичмата и има многу подобри ефекти на целата коскена структура него спиењето во кревет. Ете, од денес ќе почнам со сиење на под, па ќе пишувам во наредните недели како што се слушува. Еве слика од типична јапонска спална, иако ваков кревет тешко дека може да се најде во Македонија (евентуално ако се извадат душеците од кревет со дрвена подлога). Но, подот ќе мора да биде доволен за сега.
п.с. Паднав под 87 килограми во тежина и полека но сигурно идам накај магичната 80ка :)

п.п.с. Death Note rules ! :).
среда, септември 10, 2008
Rosetta@home
Прв пат слушнав за овој програм од еден пријател, а концептот е многу едноставен и практичен. Овој програм , изработен од Baker Labaratory има за цел пронаоѓање на нови начини на свиткување на протеините и нивно спојување во поголеми протеини, што со оглед на тоа што погрешното свиткување (folding) на протеините е одговорно за многу болести (од Алцхајмерова до Сида) секако дека ако знаеме повеќе за тој процес ќе значи многу за пронаоѓањето на лекови/вакцини за овие болести.
Програмата е екстремно мала и зазема мал простор на вашиот хард (може и да се намали уште повеќе ако сакате), а плус на тоа кога се вклучува некоја друга програма (игра, video player итн ) веднаш ги ослободува процентите потребни за работа на таа програма од процесорот.Дистрибуирана е преку BOINC (Berkeley Open Infrastracture for Network Computing) која па сама по себе подржува многу проекти од SETI, па до јапонски проекти за откривање на Господ знае кој по ред број во Пи.
Бонусот е screensaverот кој иако со рудиментирана графика може да ви покаже протеини на атомско ниво како се превиткуват во симулација барајќи ја најмалата енергија при која протеинот сеуште ќе биде стабилен.
За да не должам многу, линковите се:Програмата е екстремно мала и зазема мал простор на вашиот хард (може и да се намали уште повеќе ако сакате), а плус на тоа кога се вклучува некоја друга програма (игра, video player итн ) веднаш ги ослободува процентите потребни за работа на таа програма од процесорот.Дистрибуирана е преку BOINC (Berkeley Open Infrastracture for Network Computing) која па сама по себе подржува многу проекти од SETI, па до јапонски проекти за откривање на Господ знае кој по ред број во Пи.
Бонусот е screensaverот кој иако со рудиментирана графика може да ви покаже протеини на атомско ниво како се превиткуват во симулација барајќи ја најмалата енергија при која протеинот сеуште ќе биде стабилен.
http://boinc.berkeley.edu/
http://boinc.bakerlab.org/rosetta/
http://en.wikipedia.org/wiki/Rosetta@home
Секој силикон вреди многу а секој резултат може да значи чекор напред во пронаоѓање лек.
недела, септември 07, 2008
Max Payne или спомените на една младост

p.s. Iron Man rocks!
вторник, септември 02, 2008
6 месеци без цигари

I have been quit for 5 Months, 4 Weeks, 2 Days and 59 minutes (183 days). I have saved €222.38 by not smoking 5,491 cigarettes. I have saved 2 Weeks, 5 Days, 1 hour and 35 minutes of my life. My Quit Date: 03/03/2008 16:10
На 03.09.2008 ќе бидам 6 месеци непушач. Сите лоши страни како станувањето како Џаба Д Хат со 120те кила во април или проблемот со неспиењето во периодот април-мај кога колку и да ми се спиеше се осеќав како да ми фали нешто (читај цигара) па пиев по десет кафиња поминаа, се надевам засекогаш.
Добрите страни се толку многу што не можам да ги набројам на десет страници, а парите (222 евра не се малце парички, може да се изгура едно просечно одморче, илити испаѓа некаде околу 450 евра годишно, што е сосема фино одморче) стануваат само споредна работа. Кога го почнав овој тежок пат, се зафатив со два основни проблеми кои беа кажани и на сајтот whyquit.com - кризите (психичките беа константни) и недостатокот на шеќер, бидејќи кога пушите цигара ви се зголемува нивото на шеќер во крвта, и со тоа, се чувствувате сити и vice-versa.На 03.09.2008 ќе бидам 6 месеци непушач. Сите лоши страни како станувањето како Џаба Д Хат со 120те кила во април или проблемот со неспиењето во периодот април-мај кога колку и да ми се спиеше се осеќав како да ми фали нешто (читај цигара) па пиев по десет кафиња поминаа, се надевам засекогаш.
Кризите поминаа за релативно брзо време (за некои си недела-две веќе не чувствував конкретна желба

Се на се, ако некој пушач го чита овој пост, или човек кој не се чувствува добро со нашинот на кој му изгледа телото (потенцирам не се чувствува добро бидејќи убавината е во окото на тој што ја гледа), би употребил слоган на еден од претседателските кандидати во Америка, Yes we can, или, да бидам попрецизен,Yes you can (Да, вие можете). Фрлете ги кутиите со цигари и наеднаш откажете се бидејќи сите фластери, никотински мастики, и лажењето од типот на зошто да се откажам кога и така и така ќе умрам еден ден, или ќе намалам на бројот на цигари па еден ден постепено ќе се откажам нема да делуваат и го знаете тоа самите. Добар совет би било (ако знаете англиски) да отидете на форумот на гореспоменатиот сајт, каде што ќе можете да зборувате и да добиете помош од постручни лица во областа на откажувањето од зависности, како и од други екс-пушачи. Од еден екс пушач до сите сегашни пушачи - од откажувањето само се добива и не губите ништо освен зависноста.
сабота, август 23, 2008
The Wayne Manor - домот на сите Бетмен (и Робин :) фанови

петок, август 22, 2008
Материјализмот во сета своја "убавина"
Кога ја земав книгата American Psycho , не знаев дека по неа има направено филм... И тоа со еден од моите омилени глумци, Christian Bale. За концептот и сржта на можеби најкритикуваната книга која излезе од перото на Bret Easton Ellis и за која дури има добивано смртни закани и беше неколку пати тужен од страна на феминистичките групи, друг пат. Сега за сега, делот каде што главниот лик објаснува кој е. Фасцинантно вознемирувачки .
среда, август 20, 2008
Осаменост или... Колку сме сите ние е.... осамени

По разговорот и дружењето кое го имав со многу луѓе низ градот сватив дека сите се некако ... осамени. Американскиот сон дојде кај нас и си ја донесе со себе својата болест - осаменоста. Просечен Американец има еден пријател. Се прашувам дали и ние дојдовме на тоа дереџе.
Нормално ,акако добар пријател ја утешив, дека сепак е млада, има уште многу од животот... И тогаш дојдов дома и видов дека се случиле четири самоубиства во Струмица за еден ден.
Можеби сме полоши од Америка. Таму барем можеш да си дозволиш да купиш пријатели.
На крајот кога ја земавме сметката ми го остави бројот... Можеби ќе и се јавам...ако не сум премногу down тој ден.
петок, август 15, 2008
Висока политика и низок морал
Одговорот кој сите го знаат и лежи на секоја усна е Косово. Русија го продаде српскиот народ за да покаже сила во регион богат со нафта. Можеби некој би рекол дека на долг план ова е подобро отколку да беше заштитена српската историја и српските манастири , кои иако мене не ми се многу драги и мили од чисто христијански причини требаше да бидат заштитени од Русите.
По ова, одговорот на секоја критика за нападот на Америка врз Ирак би бил: дали Америка го продаде Тајван, Израел, Јужна Кореја , или во крајна инстанца било кој
од своите сојузници за да дојде до нафтата која недвојбено ја сакаат Русите во Грузија? Дали таа нападот врз Ирак го направи со полураспадната воена структура, со војска која не е добро платена ниту нахранета и во која се практикува сурова сила (погледнете го бројот на самоубиства во Руската војска)? И конечно, додека ние чекаме да победи Обама и да ни го сврти грбот и да отиде со Грците, да се потсетиме дека Руската Православна Црква не не признава како црква туку е со Грците уште одамна, а откако ги продаде и Србите, мислам дека Русите го загубија целиот кредибилитет (ако и го имаа воопшто некогаш) во очите на православната заедница во светот. Ова се срамни денови за Русија, која го продаде (според мене, можеби грешам) најголемиот сојузник за нафта.
По ова, одговорот на секоја критика за нападот на Америка врз Ирак би бил: дали Америка го продаде Тајван, Израел, Јужна Кореја , или во крајна инстанца било кој

вторник, јули 29, 2008
Dont forget - 60B!!!!

недела, јуни 29, 2008
The night is darkest just before the dawn

Прво, приказната. Има неколку кратки приказни кои се вртат околу Gotham City и неговата корумпираност, или како што би рекол самиот Batman, на прашањето како изгледа одозгора,"it looks dirty".Се што можело да тргне наопаку, тргнало. Има gang war , чуден lizard like creature се шуња по канализацијата, а тука е и scarecrow.Криминалот е навлезен во сите пори на општеството кое е буквално и социолошки гледано, труло. Тука се појавува надежта. Секоја приказна зборува за градењето на надеж околу митот за Batman, со што се потенцира неговата важност во враќањето на редот и законот во Gotham (hence, trailerot во кој Joker кажува дека ако се убие Batman Gotham ќе се врати во ерата на криминалот,во кој се наоѓа во текот на овој филм). Приказните се сосема квалитетно осмислени, се забележува влијанието на оригиналната Batman серија, иако самиот филм е правен за повозрасни и има неколку елементи кои би биле PG-13 минимум.
Цртањето е anime. Е сега, за тоа колку е тоа добро или лошо... Во однос на квалитетот , нормално дека Warner не би извадиле нешто што не е квалитетно сработено. Но, посебно во случајот на првата приказна, самиот тип на цртање е малку over the top. Некако станав навикнат на Jim Lee и деталното цртање за да се вратам на ваков стил. Но, што е тоа е. Другите приказни имаат подобро цртање, со тоа што епската сцена на Jim Lee во која го представува Batman како стои на една од статуите која гледа на Gotham е исто така имплементирана во филмот. Цртањето, дури и тогаш кога визуелно не соодетствува на Batman, е многу квалитетно, и , како што се очекува од DC кои се најјаки баш во тој дел, во цртаните филмови, ја доловува атмосферата на еден град кој е толку трул што "the dawn must come sometime" што би рекол Gordon.
Звукот е на ниво, одлично се вклопува во атмосферата и не е претенциозен со цел да ја украде сцената со некаква грандиозна музика.
Уметничката страна на филмот е фасцинирачка. Animeто одсекогаш било добро на дизајнот на градовите, колите и облеката па така и тука се создава една посебна атмосфера која на неколку сцени (прелетувањето низ Gotham кога врне дожд на пример) може да парира на најдобрите филмови што Hollywood некогаш ги извадил.Посебно би го потенцирал начинот на кој се покажуваат емоциите,со треперењето на очите што е карактеристично за аnimeто .
Филмот е пријатно изненадување, бидејќи по целиот hype помислив дека ќе се работи за некаков просечен производ. Луѓето од DC и Warner навистина се потрудиле да создадат дело кое лесно може да му парира( и, ако ви се свиѓа стилот во одредени моменти да го надмине) Animatrix. Е сега, дали Dark Knight ќе биде како Matrix Reloaded (ака тресла се гора родио се миш), или ќе успее да го оправда целиот hype ќе видиме. А додека го чекаме, јас ќе го изгледам уште еднаш .Можеби уште еднаш послем тоа :). Се на се, ако сте на Batman - 9/10. Ако сте на Batman и на anime - 10/10.

Звукот е на ниво, одлично се вклопува во атмосферата и не е претенциозен со цел да ја украде сцената со некаква грандиозна музика.
Уметничката страна на филмот е фасцинирачка. Animeто одсекогаш било добро на дизајнот на градовите, колите и облеката па така и тука се создава една посебна атмосфера која на неколку сцени (прелетувањето низ Gotham кога врне дожд на пример) може да парира на најдобрите филмови што Hollywood некогаш ги извадил.Посебно би го потенцирал начинот на кој се покажуваат емоциите,со треперењето на очите што е карактеристично за аnimeто .

среда, јуни 04, 2008
Сите бараме само делче од рајот, зарем не?

Основата на серијата е митот дека целиот универзум е создаден од волците. Волците во времето во кое се одвива Wolf's Rain се целосно истребени, иако (барем на почетокот) е зачудувачки појавувањето на извесниот ловец на волци. Владетели во општеството во кое е сместено дејствието се Nobles, кои имаат напредна генетска технологија. Се разбира , бидејќи ова е јапонска серија, еден од поглавните ликови е Moon Flower - девојка создадена од цвет. Волците не се истребени (иако сите веруваат дека се) , туку успеале да најдат начин да изгледаат на луѓе и така да го прикријат своето постоење. Главните јунаци на серијата (четири на број) веруваат дека девојката клонирана од месечев цвет ќе им ја отвори вратата до рајот. Имено, исто како што луѓето имаат мит за постанокот на светот, волците веруваат дека постои своевиден рај за нив, кој што сите волци во неко
ј момент во животот пробале да го најдат. Тука се вмешува и (уште еден) мистериозен лик чија љубена е под дејството на извесна болест за која лекот е токму месечевиот цвет.
Испретплетувањето на cyber punk културата, футуристичките слики и концепти на возилата, ме потсетија на Akira. Приказната е прекрасна, цртањето е извонредно добро изведено (посебно деловите каде се забележува делимична употреба на компјутерска анимација), а музиката ве внесува уште повеќе во светот низ кој волците патуваат барајќи го рајот. Топла препорака за сите што не го гледале... Јас отидов да гледам Friends а по испитната сесија ме чека Death Note :).

среда, мај 28, 2008
Good vs Evil
недела, мај 25, 2008
Како да преживееш нуклеарна експлозија со тоа што ќе влезеш во фрижидер ака Indiana Jones 4

Инди е вмешан во Розвел, Ново Мексико, каде што наводно сите знаеме што беше пронајдено, а Спилберг не се ни труди да направи некаква мистика околу тоа (што беше случајот кај сите претходни три дела на Инди). Напротив, ние добиваме некаков хибрид од детска приказна во која Инди преживува нуклеарна експлозија во фрижидер (highlight беше кога фрижидерот се отвори и инди само си се стркала од него како да стоел во место цело време), а објектот на приказната е користен за се и сешто за што Лукас не сакал да си ја мачи главата и да смислува одговори - черепот е како the one ring па така од него се тргаат мравки, се плашат домородците и плус тој го кажува патот до местото до кое треба да се дојде, и смешни непријатели кои изгледаат како да излегле од Red Alert 2 (Yuri беше многу поинтересен од типка која има тенџере фризура и постојано носи мач).
Филмот има добри моменти, но иритира тоа што е направена екстремно лесна семејна приказна, која треба да ги наполни џеповите на Лукас и Спилберг, наместо да фановите бидат третирани со почит (баш пред да излеземе да одиме да го гледаме едно другарче го фалеше филмот дека не бил чист sf) добивме едно лесно и да не го гледаш нема нипто да пропуштиш филмче.

недела, мај 11, 2008
Outland
Не можам а да не ја пофалам генијалноста на дизајнерскиот тим на Blizzard... Навистина бев воодушевен од тоа што (досега) го видов во Outland, иако посетив само две зони - Hellfire Peninsula и Zangarmarsh. Сега за сега следат слики од двете + една слика од PvP како што треба да биде... А не да се собираат од цел сервер како на пиратските за една војна :).

вторник, мај 06, 2008
World of Warcraft
Еве, откако завршив некои други обврски (кои беа бајаги исцрпувачки) конечно најдов време за најдобрата зависност во светот - WoW. Стигнавме (со другарчето со кое поради повеќе предности меѓу кои и делење на трошоците и повеќе слободно време за други работи) до 60 lvl и влеговме во Outland. Следуваат слики се разбира :).

вторник, април 29, 2008
He who controls the spice, controls the universe

среда, април 23, 2008
Mojot Frost Mage и јас

Плус, си ги симнав сите книги од серијалот New Jedi Order во аудио форма, па додека крипам/завршувам quest-ови си ги слушам новите авантури на Han Solo, Luke (i am your father) Skywalker и другите момци од Star Wars универзумот кои се во војна со раса дојдена од другата страна на The Outer Rim (Yuuzhan Vong) кои се некаква си мешавина помеѓу Zerg и религиозни фанатици (hint - боговите на Yuuzhan Vong бараат да си го сечете/отсекувате делови од телото за да ја покажете својата верба) и прават целосна инвазија на галаксијата (која е владеана од The New Republic).
Со оглед на тоа дека имав прилично напорна недела , а и нареднава недела нема да биде ништо подобра, времето поминато во дружба со WoW (богами и Star Wars) е едно од ретките задоволства кои можам со оглед на другите обврски да си ги приуштам.
Доволно напишав сега да одам да утепам уште некое крипче/Horde :).

недела, април 20, 2008
The Dark Tower

p.s. Повторно почнав да играм WoW на AhnQiraj. Flameathon - 45 lvl frost mage. Ако некој плеска бујрум :).
петок, април 18, 2008
Зависност од Ikariam
Во стилот на новата епизода на South Park ви ја преставувам мојата нова интернет зависност - причината зошто секое сабајле додека варам кафе проверувам дали има или нема интернет - Ikariam.
Играва е направена од истите типци кои ја направија Ogame , со тоа што Ikariam има подобрена графика (сепак е browser based па не очекувајте Direct X 10.1), како и редица решени проблеми. Трговските бродови се на располагање без оглед на тоа во кое пристаниште се изградени на пример. Потоа, има слободен пазар каде што може да се купат ресурси за злато на аукција (нешто слично на WoW само што тука се нудат ресурси), и играта има некакво чувство на Sid Meier's Civilization. Играта добива редовни подобрувања, внесување на нови згради, нови единици итн. Мојот nick е Rolandmk на Alpha World па ако некој случајно се вклучува на играта pm me. Бидејќи имам лошо искуство со босанските/хрватските верзии на Ogame се ставив на англиската (светската верзија) на Ikariam.
Се гледаме (читаме) во игра! :)Играва е направена од истите типци кои ја направија Ogame , со тоа што Ikariam има подобрена графика (сепак е browser based па не очекувајте Direct X 10.1), како и редица решени проблеми. Трговските бродови се на располагање без оглед на тоа во кое пристаниште се изградени на пример. Потоа, има слободен пазар каде што може да се купат ресурси за злато на аукција (нешто слично на WoW само што тука се нудат ресурси), и играта има некакво чувство на Sid Meier's Civilization. Играта добива редовни подобрувања, внесување на нови згради, нови единици итн. Мојот nick е Rolandmk на Alpha World па ако некој случајно се вклучува на играта pm me. Бидејќи имам лошо искуство со босанските/хрватските верзии на Ogame се ставив на англиската (светската верзија) на Ikariam.
среда, април 16, 2008
Внатрешниот и надворешниот непријател

За срамота е што само ВМРО-ДПМНЕ имаше јасен став дека името никогаш нема да се смени (ако има некоја друга партија тогаш нека ми извини што не сум ја спомнал). Фактот што со менувањето на името имаше и дека никој не смее да се пишува како Македонец, или дека зборува Македонски јазик како да го подзаборавија многу од нашите "интелектуалци". Уште попросто, ако не потекнуваме од Александар, тогаш сме тоа што го тврдеше Глигоров на времето - Словени дојдени во 6-от век кај кои е доминантна словенската култура а врските со античките Македонци се само делумни. Истиот став го има и Бугарија за нас. Денес. Сега.
Менување на името за пари е курвинска работа. А јас лично не се чувствувам како курва.
недела, април 13, 2008
Купи!Купи!Купи!

среда, април 09, 2008
Дали човек може да изеде англиканска катедрала?

сабота, април 05, 2008
Thomas More, X-Men и Star Trek

Ех, поминуваат векови и доаѓа еден друг тип наречен Chris Claremont и типов наследува еден waspовски стрип под името Uncanny X-Men. Chris го менува стрипот од самиот темел (претходно стрипот е пишуван и креиран од Stan Lee), воведувајќи луѓе (од двата пола се разбира) од различни раси и од различни нации на планетата. Отелотворението на идејата за еднаквост која More на еден срамежлив начин ја преставил во Утопија е Charles Xavier. Charles е човек кој симболично може да ги чита мислите на другите луѓе. A, тоа што сите луѓе го сакаат е еднаквост, братство и пред се слобода. Годината овој пат е 1975, а наспроти него се појавува Magneto, кој ја преставува животинската страна на човештвото, таа која во Утопијата на More не би постоела (иронично, тој е владетел на Genosha, остров на кој мутантите живеат во релативна еднаквост). Страната водена од одмазда, гнев и емоции, заборавајќи на рационалноста и компромисот на кои Xavier инсистира од самиот почеток. Додатно на тоа, сите мутанти се напаѓани од луѓето само заради тоа што се различни, преставувајќи ги сите хомосексуалци, црнци, секој кој е на било каков начин угнетуван во својата држава само затоа што не одговара на профилот на "нормален".
И конечно, тука е Star Trek. Не би зборувал многу за таа серија, освен дека има одиграно толку голема улога во промената на мислењето на младата генерација во шеесетите (жена, па уште и црнкиња со власт врз белци било незамисливо за тоа време) што цела една група на политичари, уметници, научници и писатели беа инспирирани од светот на Star Trek, кој всушност ја преставува Утопијата на More со некакви технолошки напредоци.
Иако разликата меѓу овие три идеи е повеќе векови, можеме да видиме дека луѓето дури и во времето на колонијализмот, исто како и во времето на глобализмот сакаат подобра иднина за своите деца. Иднина каде сите ќе живеат како луѓе, и каде секој ќе се цени по својот карактер, а не по тоа каква боја на кожа има или кој му е татко/мајка/роднина. За жал, тоа покажува (ако во предвид се земе Платон, кој живеел и работел пред повеќе од 2500 години, а имал сличен концепт за еднаквост и владеење на најспособните без никаков непотизам) дека човештвото постојано се врти во круг. Целиот технолошки напредок не ја променува свеста на самиот човек. Или, како што тоа прекрасно го срочи еден австриски писател, ако Диоген дојде денес во нашиот свет, единствената разлика ќе биде во тоа што тој ќе бара човек сред бел ден со електрична лампа наместо со лампа на масло.
четврток, април 03, 2008
LOTRO review
Бидејќи би било бесмислено да зборам за LOTRO а да не го спомнам WOW како најуспешен MMORPG во историјата, ќе одам токму со тоа - споредба меѓу нив двете.
Приказна - приказната во LOTRO е оригиналната приказна од која креаторите на WOW краделе како македонски политичари. Ќе се сретнете со Gandalf, Tom Bombadil, Aragorn, The Witch King of Angmar и многу други. Играта ја следи хронологијата на филмот и сега со најавувањето на експанзијата Рудниците на Морија, јасно е дека е стигната до некаде половината на првиот филм. Дотогаш, има updates на секои два месеци во форма на "books" (број 12 е последна) со кои се оди нанапред со приказната.
Gameplay - овде LOTRO украл се од WOW. Буквално. Ако сте играле WOW можете без никакви проблеми да почнете со оваа игра, нема да имате никаков проблем со нејаснотии. Би рекол дека е до толку слично што дури и магиите (повеќето од нив) се исти кaко во WOW. Се разбира дека од излегувањето има излезено многу patchови кои ја зголемиле разликата помеѓу WOW и LOTRO во gameplayот, но во самото јадро двете игри се исти.
Графика - Ова е една од болните и во исто време работите во кои LOTRO успева целосно да го победи WOW. Имаше доволно слики , ќе додадам дека играта има и Direct X 10.1 подршка. Лошата страна е во тоа што играта на моменти сецка, а во PVMP дури и лагира поради големината на текстурите.
PVP - Не постои класично PVP во LOTRO, туку има PVMP ( player versus monster player). Идејата е да една од end game мапите е огромно боиште на кое може да се влезе ако вашиот лик е 50 lvl (максималниот во играва), и се судирате и со NPCs и со други играчи кои играат како monsters (orcs, spiders, goblins). Прилично интересен концепт.
Број на играчи - Уште една голема (и најголема) маана на LOTRO. LOTRO неофицијално има некаде околу 300 илјади играчи, што е многу малку ако го споредиме со десетте милиони на WOW. Додатен проблем прави тоа што играта има повеќе сервери, па тие се додатно поделени на американски и европски... Едноставно има многу малку луѓе. Никогаш нема да се случи да бидете целосно сам на мапата, но во споредба со WOW играта е празна.
Звук - музиката и ефектите се на ниво, но играта има некаков чуден bug да од време на време звукот го снемува. На пример, седите пред река и слушате како тече водата... Одеднаш има тишина...Па повторно течење на вода. Навистина чудно.
Се на се - 9/10. Играва е навистина интересна. Освен тој bug со звукот и големата хардверска побарувачка, играта е навистина квалитетно направена. За жал, играта нема доволно голем број на играчи да биде игрива. Имаше инстанци за кои требаа 12 луѓе и не можевме да ги најдеме на целиот сервер во 6 часот попладне. Сега за сега,WOW останува на врвот. Тоа не значи дека LOTRO e лоша игра - напротив, играта од сите аспекти е навистина добра, но има премал број на играчи за квалитетно играње.

LOTRO 3 (и претпоследен) ден
Бидејќи trial-от трае само седум дена, од кои два дена чекав да ми го донесат dvd-то, а третиот се пафтав со огромен update (мислам некаде околу 2 GB), денес беше претпоследниот ден од дружбата со LOTRO. Играта ми остави навистина убав впечаток, но ги покажа и лошите страни, меѓу кои би издвоил три: мал број на играчи, голема побарувачка на хардверот (дури и со high end компјутер има сецкање во главните градови на расите) и некаков чуден bug со звукот. Но, повеќе за тоа во утрешниот пост кога ќе направам suma sumarum на целава авантура со LOTRO. Следуваaт слики од Bree Land.

среда, април 02, 2008
LOTRO 2 ден
вторник, април 01, 2008
понеделник, март 31, 2008
Кафе? Да благодарам

п.с. Трети ден по Дајмонд, 27 ден без цигари. Сега за сега иде добро, со Господ напред се надевам ќе иде така уште долго време.
сабота, март 29, 2008
Mix it Up Samurai Style

Се разбира, целта на Champloo е забавата, токму поради тоа и не чудат смешните епизоди како епизодата кога Mugen учи да чита на пример, или анахронизмите од типот на епизодата кога играат бејзбол. Од време на време серијата добиваше на интензитет, посебно би ги издвоил трите последни епизоди кои беа некако... посериозни од остатокот на серијата. Единствени минуси би биле прелабавата приказна (девојка по име Fuu (типка која во секоја втора епизода ќе биде најмена/присилена да биде проститутка) го бара самурајот што мириса на сончоглед со помош на Mugen (болна будалетинка со црна дупка во стомакот) и Jin (типче кое изгледа на хомосексуалец но не е) и двајцата badass motherfuckerи со мечовите) и тоа што немаше англиска синхронизација туку морав да читам subtitles. Не знам, некако се навикнав да ја гледам акцијата на екранот, читањето некако ми одзема од концентранцијата. И, Mugen ми беше омилениот лик. Дефинитивно.
Конечна оценка за серијата - одлично предјадење за главниот оброк - Wolf's Rain.
Конечна оценка за серијата - одлично предјадење за главниот оброк - Wolf's Rain.
Претплати се на:
Објави (Atom)