вторник, јули 29, 2008

Dont forget - 60B!!!!

Elizabethtown е прекрасен филм кој послем Бетмен и целата фама околу мрачноста и пропаѓањето на американското (читај светското благодарение на глобализацијата) општество, ми дојде ко кец на десетка. Филмот може слободно да се вика и Џери Мегвајер 2, со таа разлика што типот пробува да се самоубие кога дознава дека неговиот татко е мртов и треба да дојде на неговиот погреб. Отпуштањето од работа доаѓа пред а среќавањето на добрата но осамена девојка послем оваа сценa :). Се на се, прекрасен филм кој потсеќа на Џери Мегвајер и го има оној допир на алтруизам и feel good во целата приказна. Топло го препорачувам ако ви се свиѓаше Џери Мегвајер посебно ако надвор е врнежливо (како што најавуваат таков ќе бил цел август) :).

2 коментари:

Анонимен рече...

Во тебе препознавам голема храброст штом препорачуваш филм со Орландо Блум и Кирстен Данст, иако од методолошки аспект би било коректно кога би го навел насловот на истиот. И покрај тоа што јас не планирам да го гледам, можеби ќе се најде некој кој што ќе биде фасциниран од твојата екстензивна рецензија и ќе му се пројави желба да го погледне овој филм.

...инаку, во македонскиот јазик не постои буквата „ј“ помеѓу буквите „а“ и „е“, такашто филмот на кој реферираш не е „Џери Мегвајер“, туку „Џери Мегваер“
Поздрав од еден твој редовен читател.

Влатко рече...

Филмот се вика Elizabethtown и тоа е наведено во самиот текст. Плус, ова не е рецензија за филмот туку за тоа како сум се чувствувал кога сум го гледал и отпосле. Во секој случај фала на тоа што си редовен читател а за Џери Мегвајер или Мегваер, најдобро би било да се напише на оригиналниот англиски јазик ама цело време морам да вртам те на мк фонт те на english фонт.