п.с. Паднав под 87 килограми во тежина и полека но сигурно идам накај магичната 80ка :)п.п.с. Death Note rules ! :).
Ars longa, vita brevis
п.с. Паднав под 87 килограми во тежина и полека но сигурно идам накај магичната 80ка :)
Нормално, не алудирам на тоа дека сега сум престарен, туку на времето кога во 2001 година јас и уште неколку другари ја земавме играта под името Max Payne (тогаш имавме по некои си 18 години, полни со адреналин и со верба дека можеме да го смениме светот) која потполно легна на нашите амбиции да ја исползуваме нашата агресија од извесниот конфликт во светот на игрите (подобро нели отколку да го правиме истото во реален живот). Тоа што мене ме зачуди беше концептот на раскажување на приказната што сега ми изгледа на класичен Френк Милер rip-off. Noir, преполна со трагедија и на моменти надреални сцени (како сцената во која Max трча низ својот ум за да излезе од сеќавањето на неговата фамилија која била убиена, а ве води гласот на бебе кое плаче) приказната го крена нивото на севкупната gaming industry и по неа излегоа еден куп мрачни приказни (Blood Rayne anyone?) кои се вклопија совршено во индустријата која тогаш беше за деца а сега просечен gamer има 27 години и бара нешто повеќе од забава.
Кој ја нема играно, нека го земе и вториот дел, има малку подобра графика а не губи ништо на квалитет од првиот. Со оглед на тоа што има и trailer за филмот по играва, еве го и него. Уживајте...И дa, Mark Walhberg е совршен за улогата. Ех ова буди сеќавања и сум многу субјективен... Непроспани ноќи и многу многу дремење пред монитор :). Good times.
Според Quit Keeper-от, прекрасно програмче кое си пресметува врз основа на тоа колку цигари сте пушеле дневно и колку пари коштала кутија, колку сте заштедиле пари, колку цигари не сте испушиле и колку сте си го зголемиле очекуваниот животен век со тоа (една цигара = 5 минути), се доби следново :
за цигари, а по два месеци, односно веќе од мај па навака цигарите би станаа толку одвратни што сега не можам ни да седам до пушач а камоли да седам во задимена просторија) , но остана проблемот со ниското ниво на шеќерот во крвта. Едноставно, константно бев гладен. Цело време, ноќе и дење ми се јадеше. Бидејќи ја направив истата грешка како (дури!) 98% од луѓето кои се откажуваат од цигари и си реков дека тоа што јадам многу е подобро од пушењето цигари, од некаде 80 килограми колку што имав во февруари, отидов на над 120 килограми при крајот на април. Секој обид да се почне со Дајмонд исхраната беше неуспешен бидејќи нивото на шеќер во крвта толку ми паѓаше утрото што дури и без вежбање се случуваше да имам вртоглавици, а со вежбање дури и грчеви и силни болки на местата каде што вежбав (обично стомачните или трицепсот). Од мај почнав да се чувствувам доволно приспособен на новата ситуација за да почнам со Дајмонд, иако целосно ја имплемент
ирав исхраната (вклучително со вежбањето отсабајле, почнав со 2 серии по 4 склекови и 2 серии по 20 стомачни, денес правам 2 серии по 15 склекови и 2 серии по 75 стомачни) дури при крајот на јули. Промената дојде и со промена од кафе на чај (иако сеуште пијам кафе , само многу многу ретко) и тоа зелен чај, кој редовно го пијам еднаш дневно, како и со подобрен биоритам кој особено ми помогна во спиењето и (конечно!) се наспав како што треба, иако септември ќе биде месецот кога ќе се наспијам како што треба (ако е вака облачно :).
De Brevitate Vitae, Владимир Цековски (c) 2008