
I have been quit for 5 Months, 4 Weeks, 2 Days and 59 minutes (183 days). I have saved €222.38 by not smoking 5,491 cigarettes. I have saved 2 Weeks, 5 Days, 1 hour and 35 minutes of my life. My Quit Date: 03/03/2008 16:10
На 03.09.2008 ќе бидам 6 месеци непушач. Сите лоши страни како станувањето како Џаба Д Хат со 120те кила во април или проблемот со неспиењето во периодот април-мај кога колку и да ми се спиеше се осеќав како да ми фали нешто (читај цигара) па пиев по десет кафиња поминаа, се надевам засекогаш.
Добрите страни се толку многу што не можам да ги набројам на десет страници, а парите (222 евра не се малце парички, може да се изгура едно просечно одморче, илити испаѓа некаде околу 450 евра годишно, што е сосема фино одморче) стануваат само споредна работа. Кога го почнав овој тежок пат, се зафатив со два основни проблеми кои беа кажани и на сајтот whyquit.com - кризите (психичките беа константни) и недостатокот на шеќер, бидејќи кога пушите цигара ви се зголемува нивото на шеќер во крвта, и со тоа, се чувствувате сити и vice-versa.На 03.09.2008 ќе бидам 6 месеци непушач. Сите лоши страни како станувањето како Џаба Д Хат со 120те кила во април или проблемот со неспиењето во периодот април-мај кога колку и да ми се спиеше се осеќав како да ми фали нешто (читај цигара) па пиев по десет кафиња поминаа, се надевам засекогаш.
Кризите поминаа за релативно брзо време (за некои си недела-две веќе не чувствував конкретна желба


Се на се, ако некој пушач го чита овој пост, или човек кој не се чувствува добро со нашинот на кој му изгледа телото (потенцирам не се чувствува добро бидејќи убавината е во окото на тој што ја гледа), би употребил слоган на еден од претседателските кандидати во Америка, Yes we can, или, да бидам попрецизен,Yes you can (Да, вие можете). Фрлете ги кутиите со цигари и наеднаш откажете се бидејќи сите фластери, никотински мастики, и лажењето од типот на зошто да се откажам кога и така и така ќе умрам еден ден, или ќе намалам на бројот на цигари па еден ден постепено ќе се откажам нема да делуваат и го знаете тоа самите. Добар совет би било (ако знаете англиски) да отидете на форумот на гореспоменатиот сајт, каде што ќе можете да зборувате и да добиете помош од постручни лица во областа на откажувањето од зависности, како и од други екс-пушачи. Од еден екс пушач до сите сегашни пушачи - од откажувањето само се добива и не губите ништо освен зависноста.
4 коментари:
Браво друже. Секоја чест. И ја се откажав пред едно 3 години, ама накачив околу 20 кила за 2 години. Морам да се вратам у форма.
Ја прекинав во ноември лани, онака, одеднаш, на пола кутија. Ако викаш од понеделник, од утре, од... ништо.
Пушев 2 кутии BOSS меко дневно некои 5 години, ми идеа 120 денари на ден. Ти пресметај, пошто не ја глеам поентава у програмчето, ама околу 400 евра се. :)
Поентата на програмчето е мотивацијата...Во крајна инстанца се работи сепак за зависност и било каква мотивација и подршка можат да ти помогнат и тоа многу верувај ми. Инаку програмшето смета колку пари си заштедил од кога си се откажал , но според пресметките, да имаш многу boosterpackови во џеп за гага :).
Токму така. :) MTG не е штетно бар по здравјето.
Објави коментар