Одговорот кој сите го знаат и лежи на секоја усна е Косово. Русија го продаде српскиот народ за да покаже сила во регион богат со нафта. Можеби некој би рекол дека на долг план ова е подобро отколку да беше заштитена српската историја и српските манастири , кои иако мене не ми се многу драги и мили од чисто христијански причини требаше да бидат заштитени од Русите.
По ова, одговорот на секоја критика за нападот на Америка врз Ирак би бил: дали Америка го продаде Тајван, Израел, Јужна Кореја , или во крајна инстанца било кој
од своите сојузници за да дојде до нафтата која недвојбено ја сакаат Русите во Грузија? Дали таа нападот врз Ирак го направи со полураспадната воена структура, со војска која не е добро платена ниту нахранета и во која се практикува сурова сила (погледнете го бројот на самоубиства во Руската војска)? И конечно, додека ние чекаме да победи Обама и да ни го сврти грбот и да отиде со Грците, да се потсетиме дека Руската Православна Црква не не признава како црква туку е со Грците уште одамна, а откако ги продаде и Србите, мислам дека Русите го загубија целиот кредибилитет (ако и го имаа воопшто некогаш) во очите на православната заедница во светот. Ова се срамни денови за Русија, која го продаде (според мене, можеби грешам) најголемиот сојузник за нафта.
По ова, одговорот на секоја критика за нападот на Америка врз Ирак би бил: дали Америка го продаде Тајван, Израел, Јужна Кореја , или во крајна инстанца било кој

1 коментар:
Најголема лажга која постои во историјата е дека Русија и помага или ја сака Србија. Не оди многу назад, него оди само една деценија. Во секоја криза на Србија, вклучувајќи го бомбардирањето во 99та и сега со Косово, Србија со огромни очекувања гледаше во Русија која освен a tap on the shoulder друго не и даде на својата балканска побратимена земја.
Никој никого не сака. Ни Обама грците, ни Буш нас. Ако немам профит од тебе, не си корисен. End of story.
А на тема Русија-Грузија, не сум видел по срамно лицемерије на дело. Русија го допре дното.
Објави коментар