
Замислете книга од епска пропорција како LOTRO, со број на страници кој надминува 2500 ( според мене е некаде блиску до 3000), и сето тоа од умот на the one and only Stephen King. Да, се работи за Мрачната Кула, која има седум дела, (завршува приказната во седмиот дел) сага за Roland Deschain, последниот револвераш во светот кој продолжил понатаму. Првиот дел од епската приказна
(наречен "The Gunslinger") почнува со последниот револвераш, Roland Deschain , кој го брка човекот во црно ( волшебник кој спиел со неговата мајка и го убил неговиот татко, или барем Roland така верува) низ еден постапокалиптичен свет кој што постои во реалност толку блиску а сепак толку далеку од нашата. Сите реалности , сите временски линии се спојуваат и тргнуваат од Мрачната Кула, која Roland ја бара за да го врати времето наназад во спо

ред него светлото кралство на неговиот татко. Врската помеѓу нашата реалност и реалноста на Roland се поврзува преку врати (во буквална смисла на зборот) во свеста на тројца луѓе - џанакот Eddie Dean, Odetta Holmes , богата црнкиња која живее во 60-те и се бори за правата на црнците во расистичка Америка (во инвалидска количка и плус на тоа има две личности како последица на нејзината несреќа), и Jack Mort, кој е одговорен за несреќата на Odetta ( и смртта на Jake во нашата реалност, момчето кое Roland ќе го жртвува за да го фати човекот во црно) . Американскиот среден запад, по некаква светска (нуклеарна?) војна во свет во кој мутанти и чудовишта не се чудна работа, исто како и роботи и технологија оставена од претците (луѓето во светот на Roland се на некое ниво на развој на Дивиот Запад), замешано со прекрасниот ум на мајсторот на хоророт и
"уште само една страница" моментот создаваат дело кое навистина не ви допушта да престанете со читање (и да учите за испит на пример).
p.s. Повторно почнав да играм WoW на AhnQiraj. Flameathon - 45 lvl frost mage. Ако некој плеска бујрум :).
Нема коментари:
Објави коментар